МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА КАВАДАРЦИ СО КОМУНАЛЕЦ РАБОТИ НА ОДРЖУВАЊЕ НА ПОРОЈНИЦИТЕ КОН ГРАДОТ Локалната сампуправа со „Комуналец“, реализира проект за регулација на коритото на реката „Луда Мара “ со цел поголем пропуст на вода, нанос и друг материјалот кој го носи реката по поројни врнежи. -По препорака на професот Томе Лисичанец продолжуваме со регулација на поројниците кон Кавадарци, со оглед на тоа што по нив се носи плодна земја,и друг натеријал кој неповратно оди кон големите реципиенти. Ги чистиме таквите поројници често, а распоредуваме и работници кои нон стоп ги чистат одводните решетки со цел да обезбедиме поголем пропуст за да не настанат оштетувања од излевањето, вели градоначалникот Алексндар Панов. Досега е направено доста на овој план и спремни сме да интервенираме ако имаме големи врнежи, но сепак е тешко да се справиме ако имаме врнежи околу 100 литри на метар квадратен,“- вели тој. Тој апелираше до граѓаните да не го осфрлаат смето и шутот во близина на поројниците затоа што истиот за време напоплава ке биде донесен во градот.Од големо значење е престаснувањето на сечата на шума околу градот, затоа што со тоа си правиме многукратна штета.Шумите всушност ја штитат ова населба од ерозијата на земјата ,која се интензивира токму за време на големи врнежи.