МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Реконструкција на водоводна, атмосферска и фекална линија реализира Организационата единица за водовод и канализација при Јавното претпријатие “Комуналец” од Кавадарци.

Како што информираше раководителот Бојан Атанасов, деновиве се работи на улицата “Брушанска”. Фекалната канализација се реконструира и на улицата “Ѓоре Брушански”.

-Истовремено сме активни и во инсталирањето на нови приклучоци во индустриската зона, како и приклучоци за вода за наводнување на зеленилото покрај кејот на реката Луда Мара. Тековно ги сервисираме и сите дефекти кои настануваат на водоводните и канализационите линии, соопшти Атанасов.