МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Општина Кавадрци информира дека во деновите од 01.06.2018 година до 05.06.2018 година, ќе се изведуваат градежни работи (асфалтирање) на новиот кружен тек на спојот од улиците: „Партизанска“-„Блажо Алексов“ и булевар „Видое Смилевски“.

За таа цел Локалната самоуправа Кавадарци ги известува граѓаните дека во овој период, наведените делови од споменатите улици ќе бидат целосно затворени за одвивање на сообраќајот.

Ваквиот привремен изменет режим на сообраќај ќе биде ознаачен со соодветна вертикална сообраќајна сигнализација од страна на изведувачот на работите.

Воедно општината ги информира жителите на околните згради и куќи да ги остранат своите возила и друга механизација од наведените улици, како би можела оперативата на фирмата изведувач, асвалтирањето да го изврши непречено и благовремено.

34105914_1951702691530739_1989785187763879936_n.jpg