Градоначалникот на Општина Кавадарци Митко Јанчев денеска со демант му одговори на ОО на СДСМ Кавадарци, на денешниот прес.Општина Кавадарци нема извршено никакво зголемување на давачките за граѓаните туку само усогласување на фактичката состојба.
Градоначалникот на Општина Кавадарци денеска на прес конференција во обраќање до јавноста , одговори на нападите на поврзани со наплатата на данокот на имот за 1018 година.Направеното е само усогласување на имотната состојба на граѓаните и правните лица од 2009 година. Всушност според реченото денеска, нема никакво покачување на данокот на имотот, туку службите од администрација на Општина Кавадарци користејќи се со официјалните податоци на Катастарот, направиле реално впишување, ажурирање на податоците, и на тој начин на одредени позиции кај граѓани и правни лица има промена во износите на данокот на имот кои ги добиле овој период.
Ако граѓаните не се сложуваат и имаат одредена забелешка на податоците со износите за оданочување, можат да се јават во Локалната самоуправа, каде се работат постојано две комисии и да извршат корекции ако тоа не коресподира со фактичката состојба.Според наши податоци досега во првата недела од доставувањето на решенијата за оданочување има 100-тина реакции, сега ова недела бројот на забелешки е значително намален.
На прес конференција денеска зборуваа: Митко Јанчев-градоначалник на Кавадарци,Ленче Чиркова- раководител на Сектор за Правни работи во Општина Кавадарци,Цанка Јовановска раководител на Сектор за Финансии во Општина Кавадарци.