МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Синоќа во Галерија при Дом на култура “Иван Мазов - Климе“ Кавадарци, се одржи промоција на 5 (пет) дела од стрип едицијата “Лифт“, на издавачката куќа “Темплум“ од Скопје.

Се работи за ретки книжни - стрип изданија каде во луксузен повез сместени се посебни стрипови од домашни и странски автори мајстори на овој жанр, кај нас малку третиран, и со речиси маргинализиран однос на култураната јавност.

„Но тоа не е причина ние да не се занимаваме со стрипот така како што истиот го има значењето во Франција и други земји.Во едицијата која е претстенавена тоа се надеваме го постигнуваме„ рече еден од промоторите на новите изданија Никола Гелевски .Инаку присутните ги поздрави и директорот на Домот на културата Александар Малинков а за овој кај нас малку третирана културена изразена форма се дебатираше меѓу сите присутни.

Настанот претставуваше ретка пригода во Кавадарци да се промовираат стрип изданија, како придонес кон стрип културата како уметност која има исклучителна вредност при градењето и конзумирањето на урбаната култура.

1111111111111111111112345555.jpg

Stripedicija-fin.jpg