МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

На 93 годишна возраст вчера почина првоборецот и носител на партизанска споменица од 1941 година Тодор Атанасовски, генерал полковник во пензија. Генерал- Тодор Атанасовски е роден во Кавадарци 1925 година.Веста ја соопшти Генералштабот на Армијата на Република Македонија, кој изрази жалење и сочувство кон семејството.

Генералот Атанасовски ќе биде погребан со воени почести денеска петок на градските гробишта во „Бутел“ во 12:00 часот, а посмртните останки ќе бидат изложени во капелата во „Бутел“ од 11.00 часот.

Тодор Атанасовски бил борец и раководител на борбените партизански одреди за време на Народно Ослободителната Војна, а во поствоениот период, бил редовно унапредуван во повисок чин, согласно неговите професионалнаи дејности и согласно неговите заслуги како припадник на воените структури во борбата против фашизмот во Втората светска војна.

Во текот на неговата воена кариера до неговото пензионирање во 1985 година, извршувал повеќе високи воени должности меѓу кои последните негови највисоки должности: началник на главниот штаб на Народна одбрана на СР. Македонија (1974 - 1982) и командант на Републички штаб за територијална одбрана на СР. Македонија (1982 - 1985).

Во пензионерските години генералот Тодор Атанасовски остана активен допринесувач во полето на одбраната како претседателот на Сојузот на борците на Македонија.