Берба на грозје во семејството на Блажо Лалков (ковач) во 1956 година и прослава на „Тиквешкиот гроздобер„ во 1977 година.
-Видете ги само тие ведри и насмеани лица 1956 година. Денес тоа е најмачната операција бидејќи лозарите ги мачат две дилеми, прво каде ќе го дадат грозјето, и второ кога ќе ги добијат парите.
-Покрај карневалските поворки на Тиквешкиот гроздобер гостуваа најпознатите интерпретатори на забавна и народна музика во тогашна Југославија, пајпопуларните актери, а се одржуваа и добри спортски натпревари. Секако се за одбележување и традиционалните мото-трки кои се бодуваа за првенството на Југославија.
Петре Камчевски-историчар