МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Туристичко информативно биро, од денеска во функција

„Промовирање на винскиот туризам и на другите природни убавини на Општината и регионот е целта на ова туристичко информативно биро.Имаме програма по која ке работи бирото.На настојуваме да привлекуваме туристи на дневна основа .И еден турист да привлекуваме дневно е добро„ вели градоначалникот Митко Јанчев. Ке имаме евиденција и ке правиме план и програма да привлечеме туристи во Кавадаречка Општина.Производството на грозје и вино ке ни биде таргет,но овде се и природнните локации кои привлекуваат внимание: Моклиште Витачево, Тиквешко езеро , старите цркви„ вели Јанчев при денешнто пуштење во работа на Туристичко информативното биро.

Крсте Соколов нагласи дека ги имаме и првите австриски гости, кои ке учествуваат со олдтајмер на „Гроздоберот„.„Имаме програма , според која сите кои ке дојдат ке имаат можност да ги видат убавините на регионот„ вели Соколов.

Инаку Општната го rеши имотното и просторното парашaње на канцеларијата која се наоѓа во строгиот центар на градот на улицата„ 7 Септември“,а уредувањето на самата канцеларија е донација на „Дан-пласт„-Кавадарци. Одлично искористен простор вметнат во новите скали кои ги изработи „Метал Апостолов„ за потребите на горниот спрат на новите угостителски објекти.