МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Во петок, на 26 октомври 2018, со почеток од 19 часот, во Дом на култура “Иван Мазов - Климе“ Кавадарци ќе се одржи концерт по повод 100 години од раѓањето на големиот Никола Бадев.

Песните на Бадев ќе ги исполнат познати кавадаречки музичари и исполнители.Пред концертот, а по повод 100 години од раѓањето на Никола Бадев, во Музејот на вкусовите - Кавадарци ќе биде отворена спомен соба на Никола Бадев. Отворањето е во 18 часот.Настаните се во организација на Локална самоуправа на општина Кавадарци, во соработка со Дом на култура “Иван Мазов - Климе“ Кавадарци, Музеј - Галерија Кавадарци и семејството на Никола Бадев.