Аронијата е овошје со бобичеста форма кое наликува на боровница . Таа се смета за органска супер храна и лек.Плодовите на црната аронија се искличително богати со витамини . Од нив содржат витамин Ц, А, Е, Б2, Б6, Б9, и многу реткиот витамин П . Содржи калциум, железо , калиум, молибден , фосфор и јод. Во плодовите содржи голема концетрација на антиоксиданси.
Ангел Леов ја има посадено на површина од 5 декари во месноста „Васов град„ исклучително чисто еколошко подрачје на Кожуф планина.Годинава ја има првата вистинска берба, бидејќи иако очекувал тоа да се случи лани, стока влегла и ги упропастила садниците.Многу жилаво растение е ова билка.Повторно раззеленила, се обновиле стебленцата а Ангел помогнал се опорават и годинава има добра берба и што да им понуди на кавадарчани.Квалитетна црна свежа аронија , која по цена 200 денари која е полна со здравје, и корисна за секој кој ја консумира.