Ученици и професори од ЗШУЦ„Ѓорче Петров„ денеска, во пресрет на Новогодишните и Божиќните празници го уредија просторот пред влезот во Локалната самоуправа Кавадарци и кабинетит на градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев.
Конкретно ученици - техничари за мебел-ентериери под раководство на професорот Горан Зимоски го уредија холот на приземјето на зградата на Општинското собрание а ученици техничари- за шумарство и пејзажна архитектура под менторство на професорката Ратка Росоманска ги изработија икебаните во кабинетот на градоначалникот.Јанчев ги прими и професорите и учениците им се заблагодари за гестот и завршената работа истовремено им подари скромни новогодишни подароци.
Завршената работа е само дел од редовните активности во школувањето во средното училиште во Кавадарци. ЗШУЦ„ Ѓорче Петров„ им овозможува на учениците своите задолжителни и креативни способности да ги покажат во јавноста што е доста важно стимулирање .Дирекорот на училиштето Горан Велковски рече дека на сите млади луѓе , ова училиште им се понудени, соодветните услови за стручна наобразба кои ке им бидат корисни во нивното натамошно школување.