Денешен(18.12.2018/билтен на МВР
„Одделот за внатрешна контрола криминалистички истраги и професионални стандарди поднесе кривична пријава против М.Е.(29) од Кавадарци, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела “злоупотреба на службена положба и овластување“ и “спречување на докажување“. Имено на 25.09.2018 година во Полициската станица Кавадарци, пријавениот, како овластено службено лице-документарист – архивар во Полициската станица Кавадарци примил изготвена кривична пријава против С.Т. со прилог доказен материјал и тоа опојна дрога марихуана со извештај од вештачење за истата и мобилен телефон “Ајфон”, по што истиот не ја доставил кривичната пријава со доказниот материјал до Основното јавно обвинителство Велес, туку истиот ден пријавата со доказниот материјал го изнел од службените простории на Полициската станица Кавадарци и истите ги уништил со што спречил водење на кривична постапка.“-се вели во денешниот билтен на МВР.