За прв пак кај нас се одржа продажна ликовна изложба

Вчера во 19 часот, во Галеријата при Домот на културата “Иван Мазов - Климе“ Кавадарци без посебни свечености, беше поставена изложба на дела од кавадаречки и тиквешки ликовни уметници,се работи за слики од приватни колекции. Ова е прво издание на ваков вид на изложба во Кавадарци, наменета за љубителите на ликовната уметност и секако за колекционерите на убавата уметност. Идејата трае од подамна, синоќа беше дебитански обид, и за жал не многу успешен.Се надеваме на заживување на ова благородна и добра идеја.

Вниманието сепак ни го привлече штандот на Даница Пендева-која работи уметнчки креации на стакло и керамика.