Денеска во Општинската организација на СДСМ се одржа прес конференција на која ја потенцира силната подршка на кандидатот на СДСМ за претстојните претседателски избори- Стево Пендаровски.Потпаролот Вуко Мелов рече дека 30.000 граѓани во државата застанале зад кандидатурата на Пендаровски.
Поради силната подршка која ја доби претседателскиот кандидат Стево Пендаровски од граѓаните на општина Кавадарци, О.К на ВМРО ДПМНЕ е во голема паника и страв од резултатите на претстојните претседтелски избори.
Поради тоа, како и многупати до сега, О.К на ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци пласира еден куп лаги за наводни притисоци врз јавната администрацијата.
О.К на ВМРО-ДПМНЕ од Кавадарци за притисоци обвинуваше и по референдумот. Тогаш ги повикавме, доколку имаат било каков доказ за наводни притисоци, закани и уцени врз администрацијата, истите да ги достават до основното јавно обвинителство. Меѓутоа до ден денес таква постапка не е покрената.
Како тогаш, така ве повикуваме и сега. Се што имате како доказ да доставите до обвинителството. Мене ми е совршено јасно дека после оваа нема да покренете било каква постапка, бидејќи се што тврдите е една груба лага и манипулација, која треба само да ја покрие слабата подршка кај граѓаните на Гордана Силјановска.
О.К на ВМРО-ДПМНЕ од Кавадарци веројатно смета дека и оваа влада предводена од СДСМ, функционира на истиот начин на кој функционираа тие десет години.
Вие изгледа заборавате дека вашиот поранешен градоначалник е осуден за поткуп на изборите во 2016 година. Тој факт е доволен доказ за девијантното однесување на ВМРО-ДПМНЕ во текот на изминатите изборни циклуси.
СДСМ не функционира на тој начин. Ние за разлика од вас го почитуваме правото на секој граѓанин да ја изрази својата политичка воља слободно. Без никакви притисоци, уцени и закани.
Мене ми е јасна паника која владее во ВМРО-ДПМНЕ поради слабиот одзив за поддршка на кандидатурата на Гордана Силјановска.
Речиси 1.000 граѓани на општина Кавадарци, и повеќе од 30.000 граѓани во цела држава, застанаа зад кандидатурата на Стево Пендаровски, односно двојно повеќе во однос на подршката која ја доби Гордана Силјановска.
Тоа ви е доволен показател за тешкиот изборен пораз кој вие и вашиот кандидат ќе го доживеете на претседателските избори, како на општинско, така и на национално ниво.
Залудни ви се овие очајни прес конференции.
По десет години, конечно добиваме вистински претседател.
Стево ќе биде претседател на сите граѓани.„- рече потпаролот на ОО на СДСМ Вуко Мелов на денешната Прњес конференција.