МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Согласно програмата за комунална изградба општината Кавадарци го реализира проектот за пробивање на сервисната улица 25 „Мај“ во правец на улицата „Рајко Жинзифов“.

Според проектот делницата од улицата во изградба е долга 120 метри. За оформување на оваа сервисна улица треба да се изврши пробивање, а во фаза на изградба е потпорен ѕид кој ќе ги одреди контурите на еден дел од сообраќајницата.

После тампонирањето ќе следи асвалтирање на улицата која за жителите од овој дел на Кавадарци ќе обезбеди пократка комуникација паралена на улицата „Шишка“.

53870804_2375456232678424_3369449247266045952_n.jpg