Во соработка со Американската амбасада и во организација на библиотеката „Феткин“, на 15 март.1019 година, припадниците на армијата на нашата држава и армијата на САД, извршија презентација пред учениците од трите средни училишта во Општина Кавадарци и невладината „Креактив“.

На настанот присутните имаа можност да се запознаат со припадниците на АРМ и Амијата на САД, и да дознаат повеќе за нивните искуства и секојдневниот живот во армијата. Во непосредна комуникација срдношколците од прва рака се запознаа со опремата,постапките и процедурите кои ги извршуваат припадниците на армијата.Можеше да се вкуси и храна MRE (Meal readu to eat), и сув дневен оброк, кој трае и по 5 години и кој се користи на терен. Целта на оваа презентација е унапредување на заемното разбирање и доверба.Вакви презентации освен во Кавадарци се извршуваа и во четири града и тоа : Штип, Велес, Гостивар и Скопје.55444888_2334213899975658_7738398256882778112_n.jpg

53832776_2334213643309017_1445304590147780608_n.jpg54396391_2334214136642301_9144130023387561984_n.jpg