МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

РЕАКЦИЈА НА ВЧЕРАШНАТА ИЗЈАВА НА МИНИСТЕРОТ ЗА ЗЕМЈОДЕЛИЕ ЉУПЧО НИКОЛОВСКИ

Соопштение

СДСМ континуирано ги манипулира и лаже граѓаните. Обесштетувањето на лозарите две недели пред изборите е класичен политички поткуп. Ова ветување беше дадено уште во месец Јануари а СДСМ чекаше токму во сред претседателска кампања да ги обесштетува лозарите. Лозарите во Кавадарци од СДСМ не видоа никаков аир и корист. СДСМ треба да одговара за штетите кои му ги нанесе на земјоделието. Која беше улогата на тогашниот технички министер за земјоделие во техничката Влада Љупчо Николовски во 2015 и 2016 година кога се направени долговите спрема лозарите. Министерот Николовски да одговори дали во 2015 и 2016 година заедно со лидерот на опозицијата Зоран Заев сегашниот премиер има остварено средби со некои од менаџерите на овие визби и што се имаат договарано.

Дали на овој начин Владата стимулира ваков вид на неодговорно однесување на винариите односно не исплаќање на средства и по неколку години.

СДСМ го урниса земјоделието, нема зелена нафта а со зголемувањето на акцизата производствените трошоци за лозовите насади додатно се зголемија. Земјоделците едвај преживуваат и едвај ги обработуваат лозовите насади кои што ги поседуваат. Заради очајно лошата состојба во лозарството која ја предизвика СДСМ голем дел од лозарите и семејствата кои поседуваат лозови насади размислуваат да се откажат од оваа гранка. Нема ништо ни од субвенциите од 1 денари за килограм предадено грозје кои беа ветени. СДСМ ги лаже кавадарчани и само пред избори им ветува брда и долини додека низ целата година е гола борба за опстанок за што СДСМ воопшто не се интересира. Земјоделецот е оставен сам на себе.

СДСМ мора да си замине за да престане оваа катастрофална состојба во земјоделието и во лозарството. СДСМ е претставува колатерална штета за земјоделието. Што побрзо си заминат тоа побрзо земјоделците ќе видат бел ден.

ВМРО ДПМНЕ има програма за земјоделците и таа ќе се спроведе штом СДСМ си замине од власт. Со гласање за претседателскиот кандидат Гордана Силјановска Давкова и победа на претседателските избори и нови предвремени избори на оваа голгота за земјоделците што ја доживуваат од страна на СДСМ ќе и се стави крај.

Со Почит,

ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци