МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Се интензивираат културни - уметнички настани

Во четврток, на 9 мај 2019, од 20 часот, Театарот при Домот на културата “Иван Мазов – Климе“ премиерно ќе ја изведе претставата “Од кол на кол“ работена според текстот "Run for your wife" од Реј Куни, во адаптација и режија на Диме Коцевски. Во претставата играат: Диме Боцев, Валентина Ѓорѓиева, Ребека Малиминовска, Диме Коцевски, Видан Станоев, Магдалена Атанасова и Саше Орешков. Суфлер: Даниел Стевковски. Сценографија: Трајче Јованов. Сценска подршка: Диме Темков. Музика и светло: Марјан Тодоровски.Плакат Билјана Соколова Тодоровска.

Првата реприза на претставата “Од кол на кол“ е веќе во петок, на 10 мај 2019 од 20 часот.

Целата наредна недела во Домот на културата “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци ќе биде посветена на филмската уметност. По 14 пат ќе се оддржи Фестивалот на новиот германски филм, на кој ќе бидат прикажани пет целовечерни и три детски филмови. Фестивалоте ќе започне официјално во понеделник на 13 мај 2019 во 19.30 часот, а ќе трае до петок 17 мај 2019.

М.Тодоровски

60149842_834877643542908_8476626250855612416_n.png