Денеска во Кавадарци беше одбележан денот на противпожарната заштита на Македонија.
На пригодна свеченост во ТППЕ Кавадарци беше организрана презентација на опремата со која располага Пожарната, а пред тоа низ улиците на Кавадарци продефилираа сите возила со пожарникари со цел граѓанството се запожнаа и да види каква е моменталната заштита од пожари кај нас.
Во своето обраќање и на самата презентација за опремата со која располага командирот Александар Чадамов ги потсети сите присутни и јавноста за основањето на Противпожарната заштита во Македонија во периодот на крајот од 19 век во Битола , потоа потсети на основањето на првата пожарна во Кавадарци 1947, изградбата за сегашната з зграда 1954-55 година која лани е комплетно реновирана и така натаму.
Во обраќањето на градоначалникот Митко Јанчев ги потенцираше преземените зафати во изминатиот период со кои ПП единицата се комплетира како кадровски така и материјално-технички. Пред се реновирана е постојнат зграда на Пожарниот дом, урбанистички е уреден дворот и изградени нови гаражи, потоа на конкурс на работа се примени 16 нови пожарникари, со што се комплетира кадровскиот потенцијал кој сега изнесува 26 вработени пожарникари. По пат на донација и подршка на бизнис заедницата се обезбедија неколку специјализирани возила, а набавена е и опрема за интервенции.
Со ова територијалната ПП единица од Кавадарци е целосно обновена и подготвена за дејствување на терен во функција на заштита на материјалните добра и на граѓаните.Со интервенциите досега се виде оправданоста во инвестирањето од скоро 10 милиони денари, а граѓаните моѓат да бидат сигурни дека над градот грижливо бдее службата за притивпожарна заштита.,