Koнечно на дневен ред ке биде донесувањето на Генералниот урбанистички план на Кавадарци, Ваташа и Глишиќ од 2016 до 2026 година
Советот утре напладне ке ја одржи 25-та седница ,на која на дневен ред ке се најде по подолго чекање на минатиот и овој состав ,Генералниот урбанистички план на Кавадарци со Ваташа и Глишиќ, кој е основа за урбанистичка изградба .
На дневен ред се повеќе оредлог одлуки;За Утврдување на нова урбанистичка планска документација,за донација на метални столбови, изменување на одлука од Програмата за поставување на урбана опрема , определување на цена на за отстранување на непрописно паркирани и хаварисани возила, како и цена за паркирање на патнички визила во склоп на депото на ЈП „Паркинг Кавадарци„ а на седницата ке се разгледа финасиското работење на ЈП „Паркинг Кавадарци“.
На утрешниот состанок на советниците ке бидат разгледани и други метеријали во функција на оставарување и реализирање на Програмата и планот на градоначалникот и Локалната самоуправа на Општина Кавадарци.Седницата запчнува во 12 часот напладне.