МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

„На 18.12.2019 во 22.30 часот на крстосница помеѓу булеварите „Северен булевар“ и „Цветан Димов“ во Кавадарци се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „пежо 206“, со струмички регистарски ознаки, управувано од Ј.Н.(35) од Кавадарци и патничко возило „фолксваген голф“, со неготински регистарски ознаки, управувано од Л.И.(23) од Неготино. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила малолетничка, патничка во возилото „пежо 206“ и била пренесена во Општата болница Кавадарци за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Кавадарци.„се вели во денешниот битен на МВР