На 13. мај 2020 година, Основенот суд Кавадарци организираше виртуелен состанок со користење на апликацијата Microsoft Teams за начинот на регистрирање со аудио визуелно тонско снимање на главна расправа, како и за складирање, архивирање на аудио визуелниот запис, дигитална идентификација и безбедност на уредот односно носителот на податоците. Учесници на настанот беа : тим од канцеларијата на Microsoft - претставници за Југоисточна Европа, претставници од Министерството за Правда, Проф.д-р Гордана Лажетиќ, заменикот претседател на Судскиот Совет м-р Миљазим Мустафа и претставник од Амбасадата на САД.Ова и официјално беше објавено на службената страница на Општинскиот суд Кавадарци на ФБ.
м.д