МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

„ Во низата проекти на Дрекслмајер за поддршка на лицата со посебни потреби севброи и специјалното транспортно возило за оваа категорија на граѓани од ОпштинаКавадарци.

– Поголема мобилност и подобра социјализација во општествотоза неколку стотици лица со посебни потреби од Кавадарци ќе овозможи специјалнототранспортно возило што Дрекслмајер го донираше на општината.Возилото е адаптирано со автоматски управувана рампа за инвалидска количка и содржипотребен простор за превоз на опрема наменета за лица со посебни потреби. За неговотоодржување ќе се грижи Општина Кавадарци, а со претходна најава ќе го става нарасполагање на здруженијата на лица со посебни потреби во градот, според нивнитепотреби.На примопредавање на возилото беа присутни градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчеви претседателот на Здружението за лица со посебни потреби Михајло Михајлов.

Генералниот директор на Дрекслмајер Лукас Мирингер им ги предаде клучевите од возилотои истакна дека грижата за лица со попреченост е една од приоритетните активности ворамки на општествената одговорност на компанијата.

-„Со донација на ова специјалнотранспортно возило и понатаму се подобруваат условите за живот на лицата со посебнипотреби и сме чекор поблиску кон создавање на живот без бариери и за оваа ранливакатегорија на граѓани“, истакна Мирингер.

-„Би сакал да се заблагодарам на компанијата Дрекслмајер за донираното возило кое ќе имслужи на нашите сограѓани со различни видови на попреченост. Дрекслмајер до сега сомногу реализирани проекти покажа голема општествена одговорност и грижа за заедницата.Се надевам дека и во иднина ќе имаме добра соработка“, рече градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.

Ова е трето возило од ваков тип што компанијата го донира за оваа ранлива категорија награѓани. Претходно и Здруженијата на лица со посебни потреби од Велес и Градско добијана подарок специјално транспортно возило од Дрекслмајер. Целта е зголемување намобилноста и подобрување на процесот на социјализација и инклузија во општественотоживеење.“

Соопштение од Дрекслмајер

прилагодил м.д.

thumbnail (1)