МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Нови два детски забавни паркови изгради Oпштината Kaвадарци во рамките на програмата за комунална изградба.Ангажираната оператива на фирмата „Метал Апостолов“ од Кавадарци, денеска ги поставуваше последните реквизити во игралиштето на улицата „Киро Спанџов“. Претходно нов детски забавен парк беше изграден и на локација кај зградите „Белка“.Согласно проектот двете игралишта се поставени на бетонска основа покриена со специјална гумена подлога. Од безбедносни причини реквизитите се од масивно дрво. Терените се оградени со жица. Околу нив општината ќе изврши и хортикултурно уредување.Двата детски забавни паркови се изградени на барање на жителите кои гравитираат на соодветните локации.

м.д.

117104935_3536398649737562_3189348330316635949_n 117250099_3536398769737550_8391361006442896677_n