МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

КОРОНАТА НЕ ДОЗВОЛИ ГОДИНАВА ДА СЕ ОДРЖИ ТИКВЕШКИОТ ГРОЗДОБЕР Т

РАДИЦИОНАЛНИТЕ СОДРЖИНИ НА ПРАЗНИКОТ 7 СЕПТЕМВРИ И „ГРОЗДОБЕРОТ“ СЕ ОДРЖАА ВО СКРАТЕНА ВЕРЗИЈА

Поради пандемијата со КОВИД 19 традиционалниот „Тиквешки гроздобер“ нема да се одржи. Сепак дел од оние пропратни манифестации кои се дел од оваа традиција едноставно мораа да се одржат па дури и во видоизменето издание. Денес поради денот на ослободување на град Кавадарци на „Споменикот на слободата и револуцијата“ на градскиот плоштад беше положено свежо цвеке. Цвеке положија градоначалникот Митко Јанчев, делегации на пратеници, советници, политички партии и подмладокот на политичките партии.

Веднаш потоа од импровизираната лозница градоначалникот Јанчев го откина првиот грозд со што и официјално беше означен почетокот на грозјебрањето во Кавадарци и околината.Потоа по еден грозд откинаа и пратеници, советници, претставници на политички партии, на културни и образовни институции итн.

м.в.

118985465_2834441483446561_7480384698043189339_o 118999815_2834441486779894_3334073087127599926_o 118918951_2834441553446554_5807594144464269106_o 119010645_2834441660113210_5567130060266340259_o 118978957_2834441300113246_2090062097905890792_o