МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

ШТИПЈАНИ ОД СМЕШЕН ПЕНАЛ ВО 79 МИНУТА МУ УКРАДОА БОД НА ГФК ТИКВЕШ 1930

Во рамките на петото коло од ВМФЛ група Исток ГФК„Тиквеш“ во Неготино на „Цвај Арена„ како домакин во дерби натпреварот го пречека тимот на „Брегалница“ од Штип. Втора средба сезонава која „Тиквеш“ како домакин ја игра во Неготино поради реновирање на стадионот во Кавадарци. Мал куриозитет - двете средби одиграни во Неготино наликуваат една на друга како јајце на јајце. Првата беше со „Кожув“ а втората денес со „Брегалница“. Двете средби завршија 1-1. И на двете средби „Тиквеш“ прв постигнуваше гол. Против „Кожув“ гол даде Трајковски а денес тоа го стори Александар Мишов во 63 мин откако влезе во игра на стартот на второто полувреме. И „Кожув“ и „Брегалница“ средбата ја завршија со играч помалку.Гевгеличани цело второ полувреме тогаш играа со играч помалку а денес штипјани во 64 мин останаа без Антонио Митрев. Значи и на двете средби „Тиквеш“ имаше и водство и играч повеке но гостите иако помалубројни успеваа да израмнат и тоа од пенал.„Кожув“ израмни во 81 мин од пенал а „Брегалница“ денес доби еден смешен пенал во 79 мин. кој го реализираше Стојанов.„Тиквеш“ останува лидер на табелата а во следното коло гостува во Виница кај екипата на „Слога“.

м.в.