МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Денеска претпладне, по повод Денот на востанието на Македонскиот народ против фашистите кое се случи на денешен ден 1941 година а во екот на 2 Светска војна( 1941-1945 ),делегација на Сојузот на Борци , Локалната самоуправа Кавадарци и претставници на ОО на СДСМ , положија цвеќе на Споменикот на револуцијата на Градскиот плоштад.

Градоначалникот на Општина Кавадарци Митко Јанчев до граѓаните на Општина Кавадарци упати честитка по повод 11 Октомври Денот на дигањето на востанието во Македонија,против фашистичкиот окупатотор 1941 година.

Интегрален текст:

„Почитувани, Честит 11 ти Октомври, Денот на народното востание. Во далечната 1941 година на овој ден започна востанието против фашистичката окупација и беше најавена организираната народно ослободителна борба, со желба за самостојна, суверена и слободна држава. Денес одбележуваме 79 години од аманетот кој ни е оставен да ја чуваме нашата земја и да чекориме по вистинскиот пат. Посакувам во најскоро време да дочекаме подобри времиња со слободен пат за просперитет и напредок во добро здравје.

Нека ни е честит денешниот празник.

Со почит, Градоначлник М-р Митко Јанчев “ се наведува во честитката.

download121270826_263673191593941_861540965349772634_n 121322736_3450646318348963_9039408801157053539_n 121361358_956581134850343_2479309051486852987_n