МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Општината ги обезбеди средствата преку Јавниот повик од Владата. Со овие пари се изврши демонтажа на старите лесонитни табли, а на нивно место е поставен пластифициран лим на површина од 270 квадратни метри. Изведувач на работите беше фирмата „МЗТ-инжинеринг“ од Битола. Градинката во Возарци има капацитет за прифаќање на 25 до 30 деца. На површина од осумдесеттина квадратни метри располага со занимална, просторија за персоналот, чајна кујна и санитарен јазол. Овој проект општината го реализира на барање на жителите од Возарци. Станува збор за преадаптација на поранешниот објект на амбулантата, кој сега со реконструкцијата е двонаменски. Со преадаптацијата Oпштината обезбеди подобри услови за жителите во згрижувањето на децата од предучилишната возраст. Објектот кој беше предаден во употреба минататa година уште повеќе го подигна и онака добриот стандар на живеење во оваа урбана средина. 125479750_2900586920165350_4884479420825167214_o 125485229_2900586930165349_3436617908563267500_o 125951857_2900587000165342_6720146152551619661_o