МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Велосипедско-пешачката патека Ваташа-Моклишка воденица, долга 4 километри е во завршна фаза на градба. Деновиве Општина Кавадарци преку ангажираната оператива поставува метални конструкции за настрешници лоцирани на платоата од петте попатни станици-одморалишта. Поставени се и четирите метални пешачки мостови, а рекреативната патека со широчина од 4 метри целосно е покриена со бехатон коцки и е подготвена за употреба. Според проектот за јавното улично осветлување патеката е осветлена со 200 лед светилки, секоја со јачина од 40 вати, поставени на 100 метални столбови со двокрака лира на висина од 4 метри. Деновиве истото е под режим на пробна работа. Попатните станици-одморалишта (вкупно 5) целосно ќе бидат уредени и оплеменети со урбана опрема, како и табли за пинг-понг, фитнес справи и метални конструкции за паркирање на велосипеди. Заради поголема безбедност на граѓаните, како и за заштита на целосната инфраструклтура, општината долж трасата ќе постави камери за видео надзор. Инвеститори на овој капитале проект се општина Кавадарци и Бирото за развој на Вардарски плански регион. Вкупната инвестиција изнесува 34 милиони денари.

извор ; Кабинет на Градоначалник М.Јанчев 126156823_2902348263322549_5071515003319621729_n 126454731_2902348236655885_4779720519322422044_n