Завршено е реновирањето на сцената на Домот на културата
Во петок, на 18 ноември 2016, во 19 часот, во Галеријата при Домот на културата “Иван Мазов - Климе“ Кавадарци, ќе биде отворена самостојна изложба на познатиот кавадаречки и македонски ликовен уметник Горан Боев.На изложбата ќе бидат премиерно претставени дваесетина нови дела на Горан Боев, апстракции во комбинирана техника, акрил и масло.Настанот е во рамките на “Кавадаречка културна есен 2016“
А во сабота, на 19 ноември 2016 од 19 часот, свечено ќе бидат пуштени во употреба реновираната сцена во Салата при Домот на културата “Иван Мазов - Климе“ Кавадарци и помошните простории во истата. Отворањето ќе биде со целовечерно претставување на културата на општина Рожаје од Црна Гора. Настанот ќе содржи:- Ликовна изложба, концерт на КУД “Врело Ибра“, Етно групата “Тефериџ“, Хорот “Илхам“ и Танцовата група “Пахуље“. Како домаќини/гости на вечерта ќе настапат и членовите на Фолклорниот ансамбл “Тиквеш“ при Домот на културата Кавадарци.