МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Микица Илова адаптирала и режирала одлична детска престава.Фактот што децата од публиката реагираа и интерактувно се однесуваа со актерите на сцената беше знак дека „Авантурите на принцезата Лили„ е добро примена.Полна сала детски џагор ( според протоколите на пандемијата) озарени лица , спонтана реакција со прионезата,добрата вештерка, мајката на принцот, и самиот поринц, беа рецепт кој беше дозиран толку колку што треба за да бидат задоволени сетските љубопитни очекувања.

Синоќа беше премира а веќе во вторник ќе биде првата редовна претства,. Потоа еднаш или два пати неделно преставата на ова детска бајка ќе биде поставена на репертоарот на Домот на културата Кавадарци.Одведете ги своте деца или внуци на претстава.

Да ве потсетиме ,се работи за проект на Театарот при Домот на културата “Иван Мазов - Климе“ Кавадарци.Премиерно се изведе претставата за деца “Авантурата на принцезата Лили“, по текст на Мира Станишев, а во адаптација и режија на Микица Илова.Во претставата играа: Кристина Јованова, Александар Видиков, Сашко Орешков, Надица Анѓелкова, Јована Секуловска, Сијче Трајкова и Ана Крстев. Суфлери се Благица Илиева и Валерија Пашова.Костимографија е на Сара Милевска ,музиката и светлото на Марјан Тодоровски (замена Пепи Ангелов) а сценска поддршка - Диме Темков и тим на Дом на култура Кавадарци.Влезниците за првата реприза на претставата во вторник на 6 април 2021 од 19 часот ке изнесуваат по цена од 100 денари, ќе бидат во продажба на билетарницата на Домот на културата пред почетокот на претставата (18-19 часот) со задолжително оддржување дистанца.

м.д.

168230910_195797518728183_7736851311042960164_n 168460561_237206534760153_4315876494882607300_n