Деновиве стечајниот уоравник на Стефанс Вајнери, до сите доверители достави опширен спосок со вкупните долгувања кои ова винарија, која од поодамна отиде вц стечај, ги должи кон правните лица и граѓани во Општината и надвор од неа, врз основа на детална анализа која е направена.
Во прилог на ова можеме да информираме дека на компанијата најголем доверител е УЈП која во вкупните побарувања влегува со 13.,82 насто. Побарувањата кои винаријата ги должи се наменети кон 46 правни лица или компании од Македонија и надвор од неа, најголем број се од Кавадарци, додека точно 431 лице, од вкупо 485 доверители , значи најмногу доверители ,кои предале грозје во Стефанс Вајнери ја сочинуваат групатдоверители на ова компанија им должи пари.
Овде, колку што можевме да видиме од списокот , се наоѓаат граѓани на кои не им се исплатени суми и над 10.000 евра, а најчести се оние кои имаат побарувања од 1.000 до 5.000 евра .