Тони Китановски трио и Пенац Кралев трио- дел од кавадаречката културна есен
Утревечер, четврток на 4 ноември со почеток од 21 часот, на музичката сцена во ресторанот “Сино“, ќе се одржи музичкаа вечер насловена како “Една ноќ Џез Кавадарци“.Организатор на оваа вечерта е Домот на културата “Иван Мазов - Климе“ од Кавадарци, а настанот е дел од “Кавадаречка културна есен 2021“. Оваа вечер ќе донесе соло настап на Тони Китановски на гитара; потоа настап на “Тони Китановски Трио“ во состав Тони Китановски - гитара. Оливер Јосифовски - бас гитара и Драган Теодосиев на тапани а потоа ке следи и настапот на “Пенац Кралев Трио“ во состав Пенац Кралев - бас гитара, Драган Теодосиев на тапани и Благој Глигоровски на гитара. Концертот ќе се одвива според сите предвидени протоколи за COVID - 19: Влезот е можен само со Сертификат за примени две дози на вакцина а бројот на присутна публика е 50 % од предвидениот простор.
М.В.