МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Денеска Градоначалникот Митко Јанчев одржа прес конференција на која го промовира проектот со пуштањето во работа на фотоволтаиците на јавни објекти-училишта , со кои се обезбедува зелена енергија, која чини помалку и не загадува.

„Денес заедно со потпретседателката на ВМРО ДПМНЕ Гордана Димитриеска Кочоска, со голема чест и задоволство сакаме да им најавиме на граѓаните на Општина Кавадарци, дека сме меѓу првите Општини кои веќе започнаа со реализација на проектот ,,Поставување на фотонапонски панели на 10 Јавни општински објекти со вкупна инсталирана моќ од 19,2 киловати на час’’.

Прв објект на кој се поставија фотовотаиците е токму Општинската зграда, па потоа и на останатите објекти.Општата цел на проектот е искористувањето на сончевата енергија и намалување на емисијата на штетни гасови и загадувањето на животната средина.

Објекти на кои покрај општината ке се постават фото напонски панели пфатени овој проект се:

1.СОУ Гимназија „ДобриДаскалов„

2.ОУ "ТОШО ВЕЛКОВ - ПЕПЕТО" - КАВАДАРЦИ

3.СОЗШУ "ЃОРЧЕ ПЕТРОВ" - КАВАДАРЦИ

4.ОУ "ДИМКАТА АНГЕЛОВ ГАБЕРОТ" – ВАТАША

5..ОПШТИНСКА ЗГРАДА – КАВАДАРЦИ

6.ОУ "ТОДЕ ХАЏИ ТЕФОВ" - КАВАДАРЦИ

7.ОУ "ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ" - КАВАДАРЦИ

8.ОУ "ДИМКАТА АНГЕЛОВ ГАБЕРОТ" - КАВАДАРЦИ

9.СПОРТСКА САЛА ЈАСМИН - КАВАДАРЦИ

10.ОУ "СТРАШО ПИНЏУР" – КАВАДАРЦИ

Инвестицијата е планирана да се спроведува на 10-те објекти кои се распоредени на различни места во Општина Кавадарци, со што би се опфатиле повеќе од 80 проценти од населението. Јавните институтции ќе бидат во можност да произведуваат електрична енергија од сончевата светлина за сопствени потреби, а и самиот проект придонесува генерирање на заштеди во тековната година, а воедно и генерирање на нови приходи кои подоцна би можело да се пренаменат за реализација на нови проекти односно изградба на современи училници, нови спортски игралишта, набавка на нова компјутерска опрема со што ќе се подобри образовниот процес од кои би имале придобивки ситеу ченици и целиот наставен кадар, како и подобрување на условите за понатамошен локален развој.

Со реализацијата на овој проект во голема мера се придонесува за заштита на животната средина, подобрување на квалитетот на животот на граѓаните во нашата општина бидејќи овие фотонапонски системи работат на користење на обновливи извори на енергија.

Вкупната инвестиција на овој проект изнесува 6.842.820 денари, од кои 4.240 се доделени од Бирото за регионален развој и останатите наши директни средства.

Општина Кавадарци со имплементацијата на овој проект го продолжува трендот на користење на обновливи извори на кој претходеа изградбата и функционирањето на мини- хидро централите на водоснабдителниот систем Лукар.„ -изјави денска градоначалникот Јанчев кој најави дека фотоволтаиците ке бидат пракса за монтажа и на други јавни објекти во Тиквешијата.

Инаку фотоволтаите како проект за искористивање на сончевата во електрична енергија станаа важни за големите компании како ИГМ-ТРЕЈД, Кожувчанка,Кодинг ,,Горска,, ...а се најавуваат вложувања и во други компании.

Инаку на денешниот прес на Јанчев со поддршка на проектот и за потребата од искористување на обновливите извори на енергија, говореше и Гордана Кочоска Димитриеска - потпредседателка на ВМРО ДПМНЕ.

277294321_443123670946447_1331843626307489379_n 277910492_391213936182141_895689726960697743_n