МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

„На 06.07.2022 во 00.45 часот во Полициската станица Кавадарци било пријавено дека во Општата болница Кавадарци со тешки телесни повреди бил донесен З.М.(54) од с.Возарци. Според пријавеното, тој се здобил со повредите на 05.07.2022 околу 22.30 часот, на локалниот пат за с.Раец, кај местото викано ,,Стар магацин-Илиница“ каде што, управувајќи мотоцикл, изгубил контрола и паднал на коловозот.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Кавадарци.“ се наведува во денешниот билтен на МВР.