Вчера во просториите на Библиотека „Феткин“ Кавадарци се одржа промоција на романите „Јавачот“ и „Судбини“ од струмичанката Бранка Цветкова.
Промоцијата ја отвори директорот на библиотеката Петар Гурев кој го изрази своето задоволство, бидејќи првата промоција на авторката надвор од родното место е токму Кавадарци и најави промоција на второто издание на третата од вкупно шесте монографски публикации на авторката.
Промотор на книгите беше Професорот Иван Котев, а извадоци од книгите читаше Ангела Атанасова.