МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

На 05. ноември СДСМ оддржа граѓанска трибина под наслов „Силно и одлучно кон иднината“ .

Трибината се одржа во Ангропромет-Тиквешанка (стаклена сала) - Кавадарци, каде се зборуваше за мерките и политиките на СДСМ.а. Говорници беа Димитар Ковачевски претседател на СДСМ и Вуко Мелов претседател на О.О СДСМ Кавадарци.

-„Сега е време на активизам, активен пристап и политики.Тоа е обврска и задача на секој фунционер, член, симаптизер.Оваа битка се добива со сопствен пример и работа другарки и другари. Тоа е нашиот образец.Така се докажува и бори за социјалдемократијата.Никако поинаку. рече Мелов и продолжи;

-„Тоа е доказ за припадност на партијата, а не минат труд и вечна наплата на заслуги.Вечерва како што истакнав и на почетокот го обединуваме нашиот глас. Ја манифестираме нашата силина и единство.Од вечерва тргнуваме во еден силен и цврст поход.Да ја вратиме СДСМ во Кавадарци таму каде што и е местото. Лидер на промените, прогресивна, обидената политичка сила.Цврста тупаница на работниците, земјоделците, селаните, граѓаните, домаќините.Сега е време на активизам, активен пристап и политики.Тоа е обврска и задача на секој фунционер, член, симаптизер. „ нагласи меѓу другото претседателот на СДСМ Кавадарци Вуко Мелов. Претседателот на СДСМ и претседател на Владата , Димитар Ковачевски говореше за европската иднина на Македонија,економските предизвици кои стојат пред нас, и улогата на СДСМ во иднината на државата,

Ковачевски со соработниците во Кавадарци ја посети семејната и винарија „Јаковлевски", и фабриката за млечни производи „Млечен пат„.

312586300_439883395002158_3580276011335970064_n 313283370_439883248335506_1285130500277315263_n 313300430_188012040421556_7347487317611713395_n 313428921_188012337088193_8006651976384342816_n 314610757_188012290421531_4303056681193274725_n