МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

,,Почитувани кавадарчани,

Во денешно време, патриотизмот се мери според она што сме го направиле за државата, за општината, за средината во која сме растеле и сме се граделе како личности.

Вистински патриотизам е кога инвестираме во најмладите, во подобрување на условите за нивно школување.

Па така Владата предводена од СДСМ, преку Министерството за образование и наука реализра проект за целосна реконструкција на ОУ Димката Ангелот Габерот, кој опфаќа:

Гребење на старата подлога во училишниот двор и постилање на целосно нов асфалт, Целосна замена на веќе постоечката дотраена електрична инсталација со нова вградена инсталација, Ново осветлување, Целосна обнова и молерисување на ѕидовите, Целосно нови плафони кои се спуштени за 30 сантиметри, со што ќе се овозможи поголема енергетска ефикасност а со тоа и заштеда на енергија, Комплетно е сменет системот за греење со што се сменети старите радијатори со инсталација на нови, грејни тела – фенкојлери, Инсталација на нов противпожарен алармен систем, кој ќе овозможи поголема безбедност на нашите најмили.

Целиот проект за завршената реконструкција на ОУ Димката Ангелот Габерот е во изност од 9 294 772 денари .

Покрај ова реализирани се и други проекти од страна на Министерството за образование и наука во Општина Кавадарци.

Како Влада предводена од страна на СДСМ, во Општина Кавадарци, преку Министерството за образование и наука се инвестира и во реализација на следните проекти:

Спортска сала во ООУ “Страшо Пинџур“ во износ од 23 милиони денари Реконструкција на ООУ “Страшо Пинцур“, Реконструкција на ООУ “Ѓорче Петров“, Реконструкција на 3 (трети) спрат од Ученичкиот дом “Крсте Петков Мисирков“

Сите овие реконструкции на инфрастуктурни објекти и изградба на нови од страна на Владата предводена од СДСМ, преку Министерството за образование и наука ја покажува грижата за образовниот систем, и секојдневното подобрување на условите за работа како на просветните работници, така и на нашите најмили, учениците,,

-се наведува на денешниот прес на ОО на СДСМ Кавадарци.