МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

ЈП „Комуналец“ Кавадарци ги известува сопствениците на викендици во Брушанска и Ресавска област дека почнувајќи од денеска -23 февруари -2023 година, ќе бидат поставени околу десетина контејнери од 1,1 м3 на локации пристапни за возилата на ЈП „Комуналец“ и истите ќе бидат наменети само за комунален отпад, со што ќе бидат опфатени со услугата износ на смет. Контејнерите ќе се празнат два пати неделно во деновите среда и сабота, додека за отпад од градење, рушење, земја, кабаст отпад и слично ќе можат да се користат контејнерите од 5 м3 поставени на местото викано `Шамаци“ и кај браната на ХЕЦ“ Тиквеш“. Во случај на поголема количина на отпад, граѓаните слободно можат да депонираат на депонија Мелци. ЈП „Комуналец“- Кавадарци продолжува со собирање на смет од сите реони и од областите каде досега не се вршеше услугата, се со цел за почист град и почиста и здрава животна средина. 333033668_509007874638361_1466314150057683576_n