На регионалниот натпревар кој вчера се одржа во Битола кавадаречките средношколци го освоија првото место
Кавадаречките средношколци продолжуваат да редат успеси на спортските натпревари во организација на Федерацијата за училишен спорт. Вчера во спортската сала на Гимназијата ,,Јосип Броз Тито,, во Битола се одржаа регионалните натпревари во ракомет за средните училишта во машка конкуренција.
Во конечниот пласман првото место убедливо го освои Гимназијата ,,Добри Даскалов,, од Кавадарци.
Второто место му припадна на С.О.У. ,,Нико Нестор,, од Струга, а третото на С.О.У. Гостивар од Гостивар.
М.В.