МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Оваа зимска сезона кавадарчани ќе уживаат во зимските спор.Стартуваат подготовките за скијачкиот центар во „Михајлово„! Имено од денеска почнаа подготвителните теренски работи за изградба на скијачкиот центар во Михајлово со ски стаза, ски лифт и пропратни елементи за сите возрасти! Целосната опрема е во фаза на изработка од страна на полска компанија, која се очекува доколку дозволат временските услови да се монтира на крајот на месец ноември. Ова значи дека љубителите на зимскиот спорт од сите генерации ќе можат да уживаат уште од оваа зимска сезона.Уште еден голем проект и инвестиција која го продолжува и така брзиот развој на нашата општина. Градоначалникот Митко Јанчев вети во предизборната програма, а од денес овој проект станува реалност. Теренските работи се донација на општествено одговорната фирма -„ЈА-МИ „Кавадарци. Инвестицијата е донација од 231.660,00 евра од кои 115.000,00 евра се средства од Комерцијална банка, и 115.000,00 евра се средства донација од „Кожувчанка„ ДОО