Вечерва во Домот на културата Кавадарци беше отворена изложба на Мирјана Крстева - Массетти од Гевгелија која на кавадаречкатa ликовна публика се претстави со повеќе делa од нејзиниот последен опус.
За неа говореа ликовните уметници Владимир Темков и Илија Спасовски - Чендо и директорката Jулијана Туриманџова.
Авторката на изложбата Крстева Массетти изрази благодарност за интересот за нејзиното сликарство.