Дрекслмајер обезбеди надгледни машини за средното општинско училиште „Киро Спанџов – Брко“ од Кавадарци Компанијата продолжува со поддршката за развојот на образованието – Ултрасонична машина и транспортен тролеј, подарок од Дрекслмајер за учениците од СОУ „Киро Спанџов – Брко“, ќе го подобрат практичното искуство за учење, обезбедувајќи им практични можности да ги развијат своите вештини и знаења и соодветно да бидат подготвени за својот професионален развој во иднина. Еден дел од учениците во СОУ „Киро Спанџов – Брко“ посетуваат практична настава во рамки на дуалното образование според германски стандарди во специјализиранaта училница на Дрекслмајер, а оваа донација во нивното матично училиште дополнително ќе придонесе за развојот на нивното образование. Со oвие машини тие ќе учат како се врши заварување со ултрасонична фреквенција и начин на пренос преку вртежно движење. „Драго ни е што имаме можност да го поддржиме нашето партнерско училиште на ваков начин. Ние во Дрекслмајер веруваме во моќта на образованието и важноста на практичното искуство. Со обезбедување на овие ресурси, се надеваме дека ќе ги инспирираме и идните генерации ученици да стекнуваат и да ги прошируваат своите знаења од областа на мехатрониката и другите технички науки“, рече Томаш Мацура, генерален директор на Дрекслмајер Македонија. Машините ќе бидат поставени во училницата којашто со поддршка од Дрекслмајер пред неколку години беше целосно реновирана и опремена соодветно на потребите на учениците, така што ќе се создадат идеални услови за реализирање на наставната програма кадешто учениците покрај теоретското знаење, можат да стекнуваат и практични вештини и искуства. "Ние сме особено благодарни на Дрекслмајер за нивната донација. Овие машини значително ќе го подобрат образовниот процес, овозможувајќи им на учениците да го применат теоретското знаење во практично опкружување. Ова партнерство е доказ за позитивното влијание што соработката помеѓу индустријата и образованието може да го има врз нашата заедница", рече Душко Лазов, директор на СОУ „Киро Спанџов – Брко“. Оваа иницијатива е дел од тековната посветеност на Дрекслмајер за поддршка на образованието и поттикнување на развојот на заедницата