Денес во 17 часот во Кавадарци ke се одржи сенароден марш
Тргнувањето е планирано во 17 часот пред Храмот Св. Петка.Организаторите на маршот ги покануваат сите жители на Кавадарци да го отпочнат маршот "За Заедничка Македонија".
" Македонците, Турците, Ромите, Србите, Власите, Бошњаците, претставници од сите политички партии и сите други кои живеат во овој град време е да се покаже сплотеност во задржувањето на вредностите на оваа голема земја Македонија" - повикуваат организаторите.
Маршот ќе заврши на плоштад каде ќе се обратат видни личности од градот Кавадарци.