МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Oва го рече денеска премиерот Зоран Заев на армискиот полигон Криволак, во рамките на денот за високите гости на вежбата „Змеј заштитник 17“.

-Навистина е големо задоволството кога ќе видите нашата армија да учествува со армијата на Соединетите Американски држави на вежбовни активности кои навистина се имплементираат насекаде во светот, каде што нашите војници заедно со војниците на САД и војниците од земјите од Европската Унија се грижат за севкупниот мир во светот и чуваат така драгоцено нешто коешто се вика слобода, рече премиерот Зоран Заев. Тој нагласи дека Криволак е навистина едно прекрасно место каде што може и во иднина "да се развива прекрасна инфраструктура за тренинг на македонските војници кои учествуваат во мисиите.

-Затоа владата и заедно со парламентот размислуваме за унапредување на севкупниот буџет на нашата армија којашто и те како е многу важна прво за нас, но и за нашата севкупна подготвеност во мисиите и мировните мисии коишто армијата насекаде ги одржува во светот, додаде тој.

Рече дека тоа што можеа да го видат денеска во два типа на вежбовни активности, го прави горд што имаме ваква армија којашто заедно може да се носи рамо до рамо со професионалците од армијата на САД.

На новинарско прашање тој потврди дека вежбата се погоди во иста седмица со посетата на потпретседателот на САД Бенс.

-Мене ми е драго што се поклопиле вака работите да вежбната активност се погоди токму пред посетата на ваков висок претставник, потпредседателот на САД, ова само потврдува колку сме посветени кон интеграциите во НАТО алијансата, оваа можност на заемна соработка по неколкукратен пат веќе ја поддржува нашата целосна посветеност и нашата комплетна желба да час поскоро Македонија биде рамонправна членка на НАТО. Јас ќе ја искористам приликата сигурно со потпредсетдалот да поразговарам за нашите идни планови но да продолжам да ја барам поддршката од САД како и од другите земји членки на НАТО да навистина конечно РМ го направи тој долгоочекуван чекор а тоа е полноправно членство во НАТО. Оваа вежбовна активност како што ме прави мене горд јас верувам дека треба да ги прави горди сите граѓани на мирољубивиот свет заради тоа тшо армијата се подготвува да го обезбеди и да го гарантира мирот во светот но секако да ја сочува и слободата којашто знаеме дека е драгоцена вредност којашто мора да се чува, рече Заев.

Запрашан дали овие активности на АРМ со Армијата на САД дали даваат некоја порака до Русија дека Македонија е ориентирана накај западот, Заев со одговор.

-"Јас мислам дека сите во светот знаат дека Македонија каде е ориентирана, уште на самата потврда ние сакаме соработка со сите земји но нашето место е полноправно членство во НАТО полноправно членство во Европската Унија да нема дилеми, овие вежбовни активности испраќаат многу вредна порака а тоа е порака на соработка во обезбедувањето на севкупниот мир во светот и слободата за сите граѓани во светот".

На прашањето дали очекува Зврлевски да биде разрешен пред следните избори, тој нагласи дека очекува тоа да се случи дури и пред годишниот одмор на пратениците затоа што во друг случај, додаде, би било тоа банално.

-Мислам дека процедурите се јасни верувам во ефикасноста на парламентот заради тоа што навистина ефикасноста на парламентот во донесувањето на одлуките ќе ја придвижат Македонија побрзо по своите аспирации а дел од тие аспирации се конечно враќање на независното правосудство во Р.М. како едно од најзначајните реформи коишто граѓаните на Македонија И Р.М воопшто ги имаат испоставено како цели пред се, рече Заев.

Запрашан како се справуваат со кочниците кои се инсталирани внатре во судството и дека еве веќе има двајца бегалци, рече дека верува оти Македонија секојдневно со своите постапки без разлика дали се работи за одлуки на правосудството, за одлуки на владата, на локалните власти, на парламентот, било кој од властите во Македонија ја прават позрела и потрезвена.

-Учејќи за жал од грешките. Јас се надевам дека грешки ќе има се помалку, заради тоа што на сите држави им треба независно правосудство коешто ќе одлучува исклучиво по устав по закон и по сопствено убедување на судиите и никако поинаку.

На прашањето како го оценува тоа што во органот на опозицијата извршниот комитет влезе претходникот на протестите кои резултираа со крвавиот упад у собранието, тој одговори дека тоа само уште еднаш ја потврдило тезата која што тие ја кажувале за како што го нарекле крвавиот четврток на 27 април.

-Навистина е добро осмислена организација со добра мотивација и со конечна цел какошто тогаш го дефиниравме одземање на животи на пратеници од мнозинството, драго ми е што тоа не се случи, можам повторно да се вратам на таа теза којашто ја кажав. Нека биде поука на сите, никогаш повеќе да не се повтори. А оној којшто нема срам тоа да го направи, навистина нека биде на показ на јавноста за неговите одлуки, нагласи Заев.

Амбасадорот на САД во Република Македонија Џес Бејл рече дека овде го гледаме нашето воено партнерство во акција каде американските и македонските војници работат на специфични воени вежби.

-Како што знаете ова докажува дека нашите војници освен за акција се спремни и за хуманитарни акции. Оваа вежба не започна од овде од Криволак со серии на тренинзи започна во Германија каде што го правеа истото што и овде, потоа во Романија, Бугарија и Македонија. Ова е долг процес, но ова е тоа за што работат нашите воени партнерства. Со овој вид на активности мислам дека можат да помогнат да се унапредат македонските аспирации да се придружат кон Нато и Алијансата. Знам дека нашите војници имаат голема почит кон македонските колеги. Ова е добар ден за што сме тука и сакам да и се заблагодарам на РМ што ги угости нашите војници, нагласи Бејли.

Вежбата започна на 28 овој месец и ќе трае до 10 август. Во текот на денешниот ден имаше демонстрација на активности и цел "Изработка на полетувачко-слетувачка патека на полигонот.

Вежбата е наменета за поддршка на целите за обука за зајакнување на стандардните оперативни процедури на инженер иските и АБХО единиците од составот на АРМ, како и унапредување на заемното разбирање и доверба и зајакнување на билатералната соработка меѓу АРМ и вооружените сили на САД. Дополнително, вежбата ќе придонесе за подобрување на НАТО и ПзМ интероперабилноста и ќе ја реафирмира заемната соработка и поддршка на Командата на копнени сили на САД за Европа и земјите партнери. Учествуваат 300 припадници на ВС на САД и 95 припадници од АРМ.

Претседателот на Владата н РМ Зоран Заев одговори и на новинарски прашање околу избирачкиот список.

-Секако знам дека и државата и изборната комисија и министерството за внатрешни работи користејќи ги искуствата од претходните избори, пред се практичните искуства на коишто терен ги воведовме, се нивна алатка за продолжување на прочистувањето на избирачкиот список и таа тенденција Р.М. треба да ја продолжи се додека не го воведеме електронското гласање. До тогаш дефинитивно она што го видовме, коешто се е слабост на самиот избирачки, илјадници на граѓани пред се оние коишто ја напуштиле државата и ги определивме под ѕвездичка но и оние коишто навистина беа дуплирани во самите избирачки списоци веќе се согледува едно практично искуство коешто на најтранспарентен начин јас очекувам министерството за внатрешни работи но и државната изборна комисија навремено да ги објават заради тоа што граѓаните мора да му веруваат целосно на избирачкиот список за да можеме да кажеме дека имаме регуларни и кредибилни избори.