МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Агнеза Гонџа Бојаџи, позната како Мајка Тереза, вчера на плоштадот „Св. Петар“ во Ватикан беше прогласена за светица од страна на поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск.

На канонизацијата присуствуваше македонска државна и црковна делегација, предводена од претседателот Ѓорге Иванов. Во состав на делегацијата беа и премиерот Емил Димитриев, министрите за надворешни работи и за култура, Никола Попоски и Елизабета Канческа Милевска, лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, Никола Груевски и Зоран Заев, претставници на Католичката црква во Република Македонија и на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, како и претставник на фамилијата на Мајка Тереза.

Во текот на оваа седмица во Македонија ќе се одржат низа настани и манифестации во рамки на татковинската прослава „Денови на Света Мајка Тереза“.Во спомен куќата на Мајка Тереза во Скопје денеска ќе бидат врачени статуетки со ликот на Светата Мајка Тереза и благодарници на хумани личности .Католичката црква во Скопје денеска организира целодневно обожување, а вчера по повод канонизацијата на Мајка Тереза за Светица се одржа миса во капелата на Мајка Тереза.Утре во МАНУ ке се одржи свечена академија за ликот и делото на Светицата Мајка Тереза а во сабота на 10 септември ќе се одржи света литургија предводена од белградскиот надбискуп Станислав Хочевар, а веднаш потоа и бдеење.

Централната прослава е планирана во недела кога на плоштадот „Македонија“ во Скопје ќе се одржи понтификална света миса предводена од специјалниот папски кардинал сараевскиот надбискуп, кардиналот Винко Пулиќ.