МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

„Со уметноста и занаетот против пороците на 21 век“

Овој проект во наредниот период ќе спроведуваат копаничарите од Неготино, во чест на јубилејот 10 години постоење на Здружението „Стари занаети“ од Неготино, информираше денеска Љиљана Василева од ова Здружение.

-Во проектот ќе бидат вклучени 20 до 30 учесници, млади, невработени и други заинтересирани лица кои имаат афинитет кон уметноста и копаничарството, како и 6 обучувачи. Обуката ќе биде бесплатна а целта е да се научи копаничарството како традиционална уметничка обработка на дрво која претставува богато културно уметничко наследство на Република Македонија и општина Неготино, соопшти Василева.

Таа нагласи дека проектот е една од многубројните активности кои ги има здружението на копаничарите од овој град.