МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

ОПШТИНАТА ВОВЕДУВА НОВA МЕРКА ЗА СТИМУЛИРАЊЕ НА НЕЖЕНЕТИТЕ НАД 40 ГОДИНА

Вкупно на 170 млади родители кои во изминатиот период во своето семејство имале новородено дете денеска добија ваучери во вредност од 7.000 денари кои општина Неготино на предлог на градоначалникот започна да ги доделува од 30-ти август 2013 година. Статистичките податоци говорат дека од стартот на проекто до денес наталитетот во општина Неготино е зголемен за цели 19 отсто, или низ бројки во периодо 30 август 2013 до 30 август 2014 година во општината се родиле 176 деца, додека наредната година од 30 август 2014 до 30 август 2015 година се родени вкупно 210 деца.

11990603_1120264977987116_5255324795332627805_n.jpg

Денеска градоначалникот промовираше уште една дополнителна мерка која ќе се најде на разгледување пред општинскиот Совет со која Апостолов предлага за секое третородено дете од буџетот на општината наместо 7.000, да се доделуваат по 14.000 денари. Исто така, градоначалникот ја промовираше и мерката со која на секое лице од машки пол од неготинска општина на возраст над 40 години кое за прв пат ќе стапи во брак, општина Неготино да му додели финансиска поддршка од 30.000 денари