Наташа Малинкова ја преработи македонската евровизиска песна.
Песната „Dance alone” со која Јана Бурческа ќе ги брани боите на нашата земја на претстојното 62-ро по ред издание на Евровизија, стана инстант хит за евровизиските фанови, а што е уште поважно, одлично е прифатена и од домашната публика, но и од колегите на Јана. Сепак се чини дека песната најмногу и се допаднала на Наташа Малинкова, која одлучи да направи одлична акустична преработка. Во придружба на Столе Аврамов на гитара, пејачката и даде една поинаква димензија на евровизискиот хит, а како звучи сето тоа можете да слушнете на видеото подолу.