Благородните иницијативи заслужуваат внимание на јавноста.Ротаријанците од Кавадарци ја реализираа одлуката за оспособување на играорната сала на Домот на културата Кавадарци
Тие стануваат сериозен чинител во Општинава кога се работи за инвестирање во дејности кои се интерес на поширока заедница.Сите се етаблирани во општеството и што е најважно сакаат да помогнат.Тоа барем засега во Општина Кавадарци успешно го остваруваат.
Се работи за членовите на Ротари клубот од Кавадарци чија мисија во Општинава е повеке од успешна.Вчера присуствувавме на еден успешно реализаран проект.-Комплетно реновирање и уредување на салата за проби на Фолкорниот анасамбл„Тиквеш“ при Домот на Културата.
Во позитивна атмосвера,на мала свеченост пред корисниците на салата, малите фолкористи , балетани и други ,главно млади луѓе, ,за значењето на реконтруираната сала говореа Владимир Темков-директор на Домот на Културата и Бранко Колев- претседателот на Претседателството на Ротари клубот од Кавадарци Бранко Колев.
(Видео изјави)